Услуги
Производство и монтажа на секаков вид челични конструкции

Оваа услуга опфаќа комплетна понуда на производство и монтажа на сите типови на челични конструкции за комерцијални, индустриски и станбени објекти. Во ”AKТИВA” ќе добиете персонализирана услуга од специјализирани технички лица, кои ќе одговорат на вашето барање, ќе разговараат за вашите потреби и ќе дефинираат понуда, адаптирана спрема вашите потреби во рок од 24 часа. Производството на челичните конструкции во ”AKТИВA” е компјутерски контролирано, со примена на највисоки светски стандарди. Структурниот челик нуди бројни предности во споредба со конвенционалните градби од дрво, дрвена граѓа или од бетон како што се: највисок степен на јакост, брзо дизајнирање и инсталација, отпорност кон пожар и пониска цена. Со економската и еколошката предност, како и бројни други причини, лесно е да се одговори зошто да се користи челикот при градењето, а да се исклучат другите методи. Во продолжение Ви презентираме некои од предностите на челикот.

  • Челикот претставува материјал со висок квалитет и нуди можност за одличен естетски изглед
  • Ниски трошоци за одржување
  • Челичните конструкции се поевтини од било кои други методи на градба
  • Челичната конструкција претставува најбрз начин на изградба
  • Челичната конструкција нуди функционалност, јакост, издржливост и стабилност
  • Челичната конструкција го промовира добриот дизајн и безбедноста
  • Градбите со челик се одржливи на температурните ефекти
  • Градбите со челични компоненти се отпорни на термити и други деструктивни инсекти.
  • Челикот е отпорен на пожар
  • Челикот е пријател на екологијата и во таа смисла може да се рециклира бесконечно без да се загуби некој од неговите квалитети.

Токму овие придобивки им овозможуваат на сите субјекти вклучени во процесот на градењето да бидат задоволни со крајниот производ.

Задоволството на нашите клиенти е клучен приоритет и претставува девиза која не предводи на вистинскиот пат!

 
 
free counters