Услуги
Покривачки, фасадерски и лимарски работи

Оваа услуга ги опфаќа сите видови на покривачки, фасадерски и лимарски работи со панелни системи, профилирани или пластифицирани лимови.

Пред се користењето на сендвич-панелите се покажа како универзален материјал кој претставува основен елемент во изградбата на голем број економски и индустриски објекти. Сендвич панелот генерално се состои од две надворешни лимени обвивки (челик, алуминиум и др), со спојување на јадрото преку изолација во сендвич меѓу нив. Надворешната површина на панелите може да е рамна, благо набрана, или со значителен профил (на пример, за покриви или надворешна фасада). Поради високиот степен на изолација и позитивните технички карактеристики нивната примена во последно време се зголемува, а пред се поради:

  • Врвните акустични перформанси преку висока стапка на звучна изолација
  • Топлинската изолација и отпорноста кон температурните флуктуации
  • Отпорност кон вода и нејзино апсорбирање
  • Механичка и хемиска стабилност која го зголемува работниот век на панелот
  • Мала тежина при што се олеснува испораката и монтажата на истите
  • Отпорност кон пожар и ултравиолетово зрачење
  • Брза инсталација и можност за хоризонтална и вертикална монтажа
  • Флексибилен дизајн и широк дијапазон на избор на бои
  • Естетски изглед.

Задоволството на нашите клиенти е клучен приоритет и претставува девиза која не предводи на вистинскиот пат!

 
 
free counters