Услуги
Производство и монтажа на хоризонтални и вертикални резервоари и процесна технолошка опрема за потребите во индустријата

Во своето производство ”AKТИВA” изработува во било која големина, хоризонтални и вертикални резервоари за комерцијални и индустриски потреби кои се користат за складирање на гориво, вода, зрнести материјали и разни хемикалии. Тие се отпорни на УВ зрачење, имаат долгорочна употреба и претставуваат безбедно место за депортација, при што не се менува вкусот и својствата на материиите што се складирани во нив.

Според барање на клиентите може да се изведат приклучоци за вода и отпад, како и капак за затворање на содржината во резервоарот. Резервоарите може да бидат сместени подземно, закопани во земјата или надземно на рамна површина. По употребата истите се лесни за чистење што им овозможува повеќекратна употреба. Нашата дејност ја опфаќа и услугата за консалтинг, планирање и производство на процесна технолошка опрема која наоѓа примена во индустријата, кај рафинериите за масло, како и при инсталација на складови за гориво и негова манипулација.

Задоволството на нашите клиенти е клучен приоритет и претставува девиза која не предводи на вистинскиот пат!

 
 
free counters