Услуги
Комплет инженеринг услуги

”AKТИВA” ДOO Штип како врвна градежна компанија и сериозен деловен ентитет, располага со современо обучен респектиран менаџмент и кадар со највисок степен на компетентност, стручност и интегритет, квалитетен инженерски тим, како и обучени извршители со соодветни квалификации потребни за сите фази при работата. Со оглед на непречениот развој во градежната индустрија, а претендирајќи да ја задржи високата позиција, АКТИВА ги нуди сите услуги на инженеринг, со професионална и креативна примена на научни, математички, економски, социјални и практични знаења во насока на проектирање, надзор и изведба на секаков тип на градби вклучувајќи машини, системи и процеси кои овозможуваат врвни и уникатни решенија за потребите на нашите клиенти.

Високата позиција ја оправдуваме со константно и континуирано подобрување и усовршување на квалитетот на производството во целина, пред се со набавката на квалитетни суровини и уште повеќе преку конзистентно инсталирање на најсовремена опрема и следење на светските трендови во оваа област.

Задоволството на нашите клиенти е клучен приоритет и претставува девиза која не предводи на вистинскиот пат!

 
 
free counters