Во штипската индустриска зона денеска беше пуштена во употреба новата фабрика за заварени склопови „Актива аутомотив“. Компанијата „Актива“ инвестираше 4,5 милиони евра во индустрискиот погон со површина од 9.000 метри квадратни. Во објектот веќе се вработени 100 лица, кои ќе произведуваат делови за потребите на белгиската компанија „Ван хол“, и тоа не само за производствениот погон во зоната „Бунарџик“, туку и за фабриката во Белгија. На денешното отворање на индустрискиот објект присуствуваше вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
Во соработка со белгиски „Ван хол“, штипската компанија „Актива“ планира да го продолжи инвестицискиот циклус во Штип. За неколку месеци ќе почне со изградба фабриката за метални конструкции, со што ќе се заокружи комплетната произведствена програма за потребите на „Ван хол“. Со планираната инвестиција ќе се вработат дополнителни 200 лица.
Објавено од: www.build.mk