, Се отвора нов погон на „Актива“ во Штип

Новата фабрика за заварени склопови за автомобилската индустрија ќе биде отворена во вторник напладне во индустриската зона „Запад„  во Штип.

Името на новата фабрика е  „Актива аутомотив“ и е дел од штипската компанија „Актива“ а е реализирана со поддршка на белгискиот партнер „Ван Хол“.

Во новата модерна фабриука инвестирани се околу четири милиони евра.

На свеченото отворање ќе присуствува вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

Објавено од: www.makfax.com.mk

You must be logged in to post a comment.