, Во новата фабрика на „Актива” во Штип од септември уште 120 вработувања

После одлуката на „Ван Хол" за изградба на уште еден објект и зголемување на производството на автобуси на годишно ниво за повеќе од двојно од 400-500 автобуси на 1000-1200 автобуси, се јавува и потребата за проширување на капацитетот на „Актива Аутомотив". 

Компанијата „Актива Аутомотив" пред две години започна производство на шасии за потребите на белгиската компанија „Ван Хол" за производство на автобуси што оваа компанија ги произведува во Република Македонија. За таа цел „Актива Аутомотив" изминатиов период ангажира 120 до 140 лица.

Во мометов, после одлуката на „Ван Хол" за изградба на уште еден објект и зголемување на производството на автобуси на годишно ниво за повеќе од двојно, од 400-500 автобуси на 1000 до 1200 автобуси, се јавува и потребата за проширување на капацитетите на „Актива Аутомотив". За таа цел, компанијата од септември го стартува и својот втор објект за кој ќе бидат инвестирани 5-6 милиони евра и со кој ќе се отворат 100 до 120 нови работни места во Штип.

Инвестицијата ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој рече дека фабриката од септември ќе почне со градба на втората фабика на „Актива", според неговите информации, добиле уште една линија за преработнка на лим, која што досега „Ван Хол" ја увезувал од Белгија, така штоп тоа е можност за дополнителни проширувања и отварање нови работни места во Македонија.

- Деновиве бев информиран дека компанијата „Актива" од Штип, која меѓу другото работи за „Ван Хол" и е негов партнер во изработка за делови за автобуски Скопје веќе добива нова нарачка од „Ван Хол". Од неодамна „Бан Хол" почна да гради втора фабрика во Скопје, така што и Актива од септември ќе почне да гради втора фабрика, веројатно во близина на Штип, каде што е нивната прва фабрика. Тоа е одлична вест, рече Груевски вчера во интервју за ТВ Сител.

Директорот на Актива Иле Николов денеска изјави дека благодарение на ова странска инвестиција која пред три години дојде во Македонија и на економската политика на Владата за привлекување на страски инвестиции, имаше голема доверба во нашата компанија Актива и го додели изградбата на новната фабрика во Скопје.

- Благодарение на таква добра соработка со белгиската компанија Бан Хол се јави идејата за понатамошна соработка, а тоа е дел од производството да се работи во Актива. За кратко време успеавме да ја изградиме нашата фабрика и успешно да ги произведуваме овие делови коишто се пласираат во нивната фабрика во Скопје и Белгија, а како комплетни склопови се произведуваат комплетни автобуси коишто заминуваат за европскиот и американскиот пазар.Во текот на оваа година белгиската компанија Бан Хол најави нивно проширување за да се диплицираат капацитетите, а во тек е изградба на нов производен капацитет од 32.ооо квадрати, каде капацитетот на автобусите ќе се зголеми од 450 до 500 на годишно ниво, на 1000-1200 автобуси. Сето тоа проширување се побара да исто и нашата компанија Актива Штип  ги зголеми капацитетите и нашиот капацитет кој е околу 9-10.000 квадрати со 120-140 вработени и произведуваме за потебите на 400-500 автобуси, а наредната година мораме нашиот капацитет да го дуплираме за да одговориме на нивните барања, па во фаза сме на подготовка и во септември да ја најавиме нашата нова фабрика која ќе биде околу 12.000 квадрати, за производство на шасиските делови на автобусите, а ќе инсталираме и нова линија за анодизација и галванизација на алуминиумски лимови, кои се потребни за изработка на автобусите, рече Николов.

Тој додаде дека благодарение на новите проширувања може да се најават и нови вработувања од 100-120 вработени, кој до крајот на оваа година и наредната година ќе бидат реализирани за да можеме да го заокружат и нивниот капацитет за да се одговори на ова барање што е од страна на белгиската компанија како нивен стратешки партнер во овој момент.

- Инвестицијата ќе биде 5-6 милиони евра и финанските затворена со дел од кредитните линии од Комерцијална банка која е исто така наш стратешки партнер во делот на финансирањето, дел од Европската банка за обнова и развој којшто пермаментно се присутни во нашиот развој. Дел ќе биде од наши сопствени средства, рече Николов.

Градоначалникот Илчо Захариев изјави дека Штип последните години доживува неверојатен економски бум, бројот на невработени драстично се намалува.

- Актива е типичен пример за виталноста на штипското стопанство и македонската економија во целост.Кога креативниот дух, стручноста, компетентноста и способноста, но и фамилијарноста ќе тргне да се развива ви еден правец, тоа покажува какви фабрики и какви гиганти можат да никнат во Штио и Македонија. Актива е пример како со својот квалитет се наметна на европскиот пазар. Стандардите се големи, критериумите се силни, конкуренцијата е  многу јака и вие да се наметнете со својот квалитет значи дека навистина сте на европско ниво. Тоа е предност на Актива

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *