March 17, 2015
Во штипската индустриска зона Запад денеска ќе биде пуштена во употреба фабриката за заварени склопни елеменети за шасии за автобуси Актива. Во фабриката ќе се произведуваат автобуски шасии за потребите на белгиската компанија Ван Хол, која има фабрика во ТИРЗ Бунаеџик во Скопје, пишува Миа.
Според најавите од менаџерот на Актива, Илија Николовски, инвестицијата во првата фаза на фабриката изнесува 3 милиони евра и 50 вработувања.
Халата за автобуски шасии во новата фабрика Актива е со површина од 8.000 метри квадратни, а целиот капацитет е на површина од 70.000 метри квадратни.
Објавено од: www.bi.mk
You must be logged in to post a comment.